Синдикат на културата: Министерката сака да го спречи растот на платите во културата

Култура 06.10.2023 / 22:52

Денесka во 17 часот од страна на министерката Бисера Костадиновска Стојческа е испратен допис до институциите од културата во кој наложува на секој вработен да му се изготви поединечен акт/ решение/ договор со кој работодавачот со едностран акт ќе ги менува правата од работен однос, во случајов правото на плата уредено со Колективен договор за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор, чие право од 10% зголемување на плата, спротивно на член 14 од ОКД за јавен сектор го ограничува до февруари 2024 година.

Ваквото своеволие на министерката Бисера Костадиновска Стојческа јасно произлегува од злоупотребата на заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со колективните договори.

Вакво ограничување како во културата, во другите дејности од јавниот сектор не се случува и ниту еден вработен во јавниот сектор не се соочува со ваква примена на Заклучокот на Влада и Општиот колективен договор за јавен сектор.
Со ова се потврдува дека целото министерување на Бисера Костадиновска Стојческа е сведено исклучиво на барање креативни начини на поништување на колективниот довор во културата.

Ја известуваме министерката јавно и во понеделник со допис лично до неа дека не прифаќаме вакви небулозни, еднострани акти донесени без согласност на синдикатите.

извор: Денешен.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis girişOnwingrandpashabet güncel giriş