Ученици од генерација 1994-1998 од Инструменталниот оддел на МБУЦ – „Илија Николовски Луј“, организираат хуманитарен концерт, посветен на нивната класна раководителка Снежана Димчевска, кој ќе се одржи вечерва, во 19 часот во Филхармонија.

Поради технички причини не сме во можност да продаваме билети, затоа влезот ќе биде со донирање. На влезот ќе видите одбележана кутија за донации, која ќе биде уплатена на сметка. Вечерта ќе имате прилика да слушате убава камерна музика и ќе направите добро дело. Однапред благодарни, 4-А со пријателите, велат организаторите.

На концертот ќе настапат пијанистите Симон Трпчески, Марија Ѓошевска, Славица Мицовска, Маја Поповиќ, Јасминка Танчева Наскова, потоа Горан Ефремов – виолина, Александар Стојчески – виола, Паскал Краповски – виолончело, Владимира Лазаревски – обоа, Мицко Дамњановски – туба. Ќе имаат поддршка и од пријателите: Владимир Крстев – виолина, Стојан Димов – саксофон, Нинослав Димов – саксофон и Гоце Златев – пијано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.