Вчера вечер пред преполната сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово,
свечено беше отворен и започна 27. по ред МТФ „Денови на комедија“ Куманово 2024.

Првата Фестивалска вечер публиката имаше можност да ја погледа одличната претстава „Вечера за глупаци“ од Театар Велес која на крајот беше наградена со голем аплауз.

На отворањето на Фестивалот, вечерта му беше доделена и наградата „Васил Иљоски“ на актерот лауреат Сашко Коцев која се доделува за особен придонес во театарската дејност посебно во делот на комедијата. Фестивалот за отворен го прогласи и отвори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Денес, на репертоар е Театарот од Охрид со претставата „Секс лаги и љубомора“ од 20 часот. На Фестивалот ќе се изиграат единаесет театарски претстави кои се во конкуренција за награди кои ќе се доделат на затворањето на фестивалот на 9 октомври.

За наградите: најдобра актерка/актер, најдобра споредна улога женска и машка, најдобра режија, сценографија, костимографија и најдобра претстава одлучува стручна жири комисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.