Три години по почнувањето на заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак во Лешочкиот манастир сè уште се бара соодветна фирма за завршување на работите. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека се направени измени, па наместо по фази ќе се бара изведувач за сите работи да ги направи.
Со конакот минатата година имавме неуспешни обиди при објавата на тендерот. Пропаѓаше неколку пати, бидејќи не се јавуваа соодветни фирми. Оваа година, исто така, ќе го распишеме конкурсот за целосно завршување, не само по фази. Тој тендер би требало до крајот на август да биде завршен или еве да кажеме септември за да можат да почнат со работа, меѓутоа, оваа година ќе осигураме, кога ќе се објави тендерот, тоа ќе значи дека ќе финансираме се до завршување на работите до крај, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска при денешната посета на Лешочкиот манастир.
Во 2020 година во првата фаза од ревитализацијата на конакот се работеше на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал, а во втората фаза предвидува доградба со нови материјали. Работите се изведуваат во рамки на реализација на годишната програма на Националниот Конзерваторски Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.