Во изминатиов период на неколку локации низ Скопје се снимаше новиот краток игран филм на режисерката и сценаристка Ангела Димеска.

Во реализацијата на овој нов македонски краток игран филм е вклучена екипа која брои повеќе автори и филмски професионалци. Во филмот главен лик е Даниела Ивановска, заедно со Билјана Јовановска, Филип Трајковиќ и Жаклина Стефковска. Кинематографер на филмот е Дејан Димески, костимограф на филмот е Емилија Ивановска Атанасовска, сценограф е Влатко Зафирковски, монтажер е Владимир Митревски, а продуцент е Огнен Антов, информираат од „Дрим Фектори Македонија“.

Краткиот игран филм „Кутии“ е во продукција на македонската продукциска куќа „Контраст филм“, во соработка со „Дрим Фектори Македонија“. Филмот добил и финансиска поддршка од Агенцијата за Филм на Македонија.

„Кутии“ ја следи приказната на Лидија (Даниела Ивановска), жена која сакајќи да го подобри егзистенцијалниот статус на своето семејство и здравствената состојба на својата ќерка, станува дел од нелегалниот бизнис со дрога на нејзината пријателка Марија (Билјана Јовановска), соопштуваат од „Дрим Фектори Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.