Вечерва во Велес се отвара најзначајната стрип манифестација во државата, 21 Меѓународен стрип салон „Велес 2040“, 6-та Стрип колонија“ којашто оваа година ќе се одржи од 21 до 25 август.
На свеченото отварање ќе се промовира целокупниот стрип фестивал, ќе се прогласат најдобрите од Меѓународниот стрип конкурс, избрани од рекордни 351 автори од разни земји, ќе се оделат награди по конкурсот и ќе се отвори изложбата од избрани дела.
Во периодот до 25.08 ќе работи традиционалната стрип колонија , во чиј склоп ќе има работа на авторски стрипови, размена на искуства, промоции на учесниците и други содржини.
Оваа манифестација финансиски е помогната од страна на Министерството за култура и туризам на Македонија и Општина Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.