Актерот Сашко Коцев е годинешниот лауреат на Филмскиот фестивал „Денови на комедија Куманово 2024“, информираа од Центарот за култура во Куманово.

„Советот на Фестивалот Денови на комедија Куманово во состав на: Сашо Тодоровски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски одлучија востановената награда „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата да му припадне на актерот Сашко Коцев“ , стои во соопштението.

Наградата свечено ќе биде доделена на отворањето на Фестивалот кон крајот на септември оваа година во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во  Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.