Одбележувајќи го четвртотото издание на манифестацијата „Златна рамка“, Друштвото на филмски работници на Македонија ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник ќе му припадне на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја добива Сашко Коцев. Оваа година, за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. ДФРМ годинава одлучи да им одаде почит за нивната импресивна работа која низ годините допринесува за успешен развој на националната и балканската кинематографија.
Кирил Спасески ја добива наградата филмски автор поради неуморната посветеност и извонредното сценографско обличје на десетиците филмови од земјава и регионот.
Добитник на почесната награда филмски работник е Бранко Петровски поради дедицираноста кон македонскиот филм во процесите на неговото создавање и промоција и особената посветеност на младите автори и нивниот пробив.
Актерот Сашко Коцев ја заслужи почесната награда филмски актер со низата вонредни филмски остварувања во последните години.
Драган Бјелогрлиќ ја добива почесната награда за странски автор поради неговата појава пред се како актер, додека како продуцент и режисер ги обединува малите балкански народи. Неговото име и презиме значи мост помеѓу нашите слични, а сепак многу различни култури, нации и конфесии. Оваа награда е еден вид признание за особен приодонес кон балканскиот филм и градењето на културна кохезија помеѓу балканците.
Церемонијата на доделување на наградите во присуство на странски гости ќе се одржи на отворањето на „Златна рамка 22“, на 9. јуни во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 20 часот.
Манифестацијата „Златна рамка“ годинава се одржува од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.