На 7 април (четврток), 2022, во Малиот салон на Дом на култура „Кочо Рацин“ во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба „Кинетика на ноќта“ на Билјана Билбилоска.
На изложбата ќе бидат претставени дела изработени во акрилна техника, а насликани последните две години.
Тематски, конкретниот ликовен индивидуален дискурс на оваа изложба се поврзува со дематеријализацијата на ноќта како епифеномен, латентен израз на метафизички спокој, но немерлив во своите изразни можности. Боите, движењата и насоките на темнината во сите свои визуелни манифестации го заокружуваат кругот на овој опус. Ноќта како будност, тишината како звук, спокојот како емотивна кинетика, сето тоа обединето во една единствена уметничка целина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.