Румена Бужаровска, женскиот глас што надалеку се слуша. Така ја најавуваат од издавачкиот центар „Три“ Бужаровска, една од најпреведуваните авторки, која е ново име во „Три“.
Со големо задоволство и возбуда трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ овој Саем на книгата пристигаат во издание на „Три“ . Нивната промоција на нашиот штанд ќе се одржи на 8 мај во 18 часот, соопштија од издавачката куќа.
Овие збирки направија најголем пробив на македонската современа книжевност надвор од нашите граници благодарение на нејзиниот исклучителен талент, читлив и привлечен стил со кој успева дури и најсекојдневните теми да допрат до бездната на човечката душа натрупана со проблемите од нашето општество, и со оние универзалните.
Освен промоцијата на новите изданија на збирките раскази од Бужаровска од „Три“ на Сеамот на книга кој почна денеска и ќе трае до 10 мај, најавуваат театарска изведба на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, средба со Венко Андоновски, Винка Саздова или Јагода Михајловска-Георгиева, новата книга од д-р Александар Митов и биографијата на Велимир Џаровски – Џаро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.