Со 9 милини денари Министерството за култура ќе ја поддржи Општина Битола за реконструкција на руинираниот објект Парк кој е дел од амбиенталната целина на Офицерскиот дом. Станува збор за Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, со која Министерството за култура ги поддржува капиталните проекти од областа на културата во единаесет општини, информација која беше усвоена на првата седница на преодната Влада.

извор Апла.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.