В недела независниот театар „Златен Елец“ од Скопје ќе прослави две години постоење.
„Не ми го чепкај пивото!“, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“, „Дневникот на лудиот“, „Човекојадство“, „Чувари на планетата“, „Која сум јас“, „Новогодишна авантура“.. се премиерите што се случија овие години, во следниот период следуваат премиери на неколку претстави, како и меѓународен театарски фестивал во Бурса, Турција на 21ви март со претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева која на втори март може да се погледне во МКЦ Скопје.
„Грета“, „Куќа на духови“, „Вејка на ветрот“, „Кенди“ и уште други, се дел од насловите на новите премиери.
Репризите на сите претстави ќе се одвиваат во текот на целата година во Скопје и низ државата.
Надица Петрова со „Која сум јас“ или One wo/man comedy show во Балет – Скопје, Гевгелија и Богданци, оваа недела го почна годинашниот репертоар, Алексоски пак во петок на 18.02 ја игра „Човекојадство“, вториот дел од монодрамата „Дневникот на лудиот“.
Роденденската ноќ на 20.02 ќе ја почне Бобан Алексоски со „Дневникот на лудиот 1“ според тркстот на Николај Гогољ, од 20ч. „One wo/man comedy show“ и од 21ч. Jem Session во Социјален центар Дуња.
Нашиот развој е поткрепен од многумина уметници со кои досега соработувавме, многу работи се случија за две години, продолжуваме мотиварано и понатаму.
Театарот ќе се развива се додека постои, а токму тој развој е клучен за независната сцена
Театар „Златен Елец“ започна со работа во месец февруари 2020 година, основан од актерите Бобан Алексоски и Надица Петрова, како и неколку членови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.