Претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во изведба на Новосадскиот театар која ја режираше Македонецот Дејан Пројковски освои Гран при на 35. Фестивал на унгарски театри што се одржа во Кишварада, Унгарија.

Актерот Арпад Месарош за насловната улога ја доби наградата за најдобра машка улога за насловната улога.

Наградата за најдобра претстава ја доделува Министерството за култура и иновации на Унгарија.

Актерската екипа ја гради играта околу насловниот лик во изедначен стил и со колективна енергија. Визуелниот свет и музиката создаваат впечаток за епоха што ја ослободува целата човечка невоздржаност.

Освен Пројковски, во нејзиното создавање учествуваат повеќе театарски уметници од Македонија. За сценографијата се погрижија Валентин и Сергеј Светозареви, музиката е на Горан Трајкоски, а кореографијата – на Олга Панго.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.