Благојче Божиновски е избран за в.д. директор на Културно информативниот центар во Битола под чија надлежност се Офицерскиот дом во Битола и Киното „Манаки“. Божиновски доаѓа на местото на Лили Бошевска, која по нецели две години од мандатот самата си поднела оставка.

Божиновски е дипломиран театарски режисер, автор на над 20 театарски претстави, документарни филмови и серијали.

извор: Апла.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.