Театар Комедија ја најавува новата премиера за 5. мај, Ревизор од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Ревизор, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.

Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното… Сите ли сме си наши?

Сценограф на претсавата е Сергеј Светозарев, а костимите  се на Ивана Каранфиловска

Играат:

Тони Денковски

Сергеј Димоски

Виктор Арсов

Жаклина Стевковска Дрнасин

Жаклина Петровска Милјановска

Едмонд Сотир

Илија Илиоски

Столе Мицов

Јаков Спасов

Ангела Стојановска

Марија Кондовска

Христијан Поп Симонов

 

Инспициент: Нурјамет Рушити

Суфлер: Весна Куковска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.