Вечерва, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана претставата „Ревизор“ од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски.
„Ревизор“, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.
Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното… Сите ли сме си наши?
Во претставата играат: Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Стевковска Дрнасин, Жаклина Петровска Милјановска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Столе Мицов, Јаков Спасов, Ангела Стојановска, Марија Кондовска, Христијан Поп Симонов.
Сценограф е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.