Со големо задоволство ве покануваме на отворањето на изложбата на стари фотографии насловена “Охрид 1940 – 45” во НУЦ “Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид, велат организаторите.
Ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во период од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид – 1983, Охрид). Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.
Отворањето на изложбата е на 11.07.2023 (вторник) во 20 часот во НУЦ “Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид, а истата ќе биде поставена до 19 јули 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.