Заврши реконструкцијата на Кино салата во Пробиштип, објави на денешната прес-конференција градоначалникот, Драган Анастасов.

Анастасов истакна дека со вчерашната последна контрола од страна на комисија од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој со која е констатирано дека сите позиции и фази се завршени, и официјално се заокружи проектот за реконструкција на Кино салата „Злетовски рудар”.

Финансиската поддршка за овој проект изнесува 17 милиони денари обезбедени преку Агенцијата и три милиони за ДДВ обврска на општината.Општина Пробиштип доби функционална кино сала со капацитет од 360 посетители и веќе од месец март ќе следуваат и првите културни настани. Особено ми е драго што конечно по една деценија ја вративме можноста за одржување на културни настани во нашата општина, со ставањето во функција на кино салата, рече Анастасов.

При реновирањето е задржана автентичноста на салата, а во неа освен кино проекции ќе се одржуваат театарски претстави, музички концерти и други културни настани. Анастасов истакна дека со Музејот на минеролошката збирка Домот на културата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.