Регионални и локални писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови и новинари од културата од наведените земји се покануваат да се пријават за РЕАД резиденцијалниот програм. Во текот на едномесечниот престој ќе имаат можност да размислуваат и творат на тема помирување и културна разновидност. Резиденцијалниот престој ќе го организираат проектните партнер- организации од петте земји. Секоја организација ќе прими два автори во текот на 2022 година. Во иста мера се добредојдени млади и не многу искусни автори како и веќе етаблирани и автори со поголемо творечко искуство. Еден од критериумите за пријавување е авторот да има издадено најмалку две сопствени книги/ дела или два преводи. Апликантите мора да се жители на една од наведените земји.
Резиденциите ќе се одржуваат во периодот од мај до декември 2022 година.
Од избраните автори ќе се очекува да бидат продуктивни во текот на резиденцијалниот престој. Покрај работата на пообемниот проект, со кој ќе аплицираат, се очекува целосно да завршат и едно пократко дело (текст, есеј, поема, кратка приказна, статија, стрип), поврзано со општата тема: „Обединети во разновидност“, придонесувајќи кон помирување и меѓукултурна толеранција. Покрај пишувањето, творењето и преведувањето, од авторите ќе се очекува да учествуваат во работилници, да прават презентации (некои од нив може да се дел од мобилната библиотека) активно да учествуваат на литературните фестивали на партнерските организации, да одржуваат јавни литературни читања итн.
Пријавувањето е преку онлајн платформа (https://rb.gy/d1zd7l) и на англиски јазик.
Рок за пријавување: 31.03.2022 г.
Организациите домаќини ќе обезбедат сместување, покривање на патните трошоци за авторот и стипендија за секојдневните трошоци од 1.350 евра (бруто износ).
Повеќе за стипендијата и како да се пријавите, прочитајте тука:
https://www.goethe.de/ins/mk/mk/kul/sup/rea.html
https://www.facebook.com/readregionalnetwork
https://www.instagram.com/read.culturaldiversity/
Регионалната мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е регионален проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти од регионот да придонесат кон интеркултурната толеранција и зајакнување на демократските вредности, со посебен фокус на младите. Проектот го имплементираат Гете-институт Скопје заедно со партнерските организаци: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка – Лоја (Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.