27 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.
28 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
REBIRTH: VOICE OF SILENCE Игран филм, Македонија 2022, 82 мин., колор, ХД Режија: Илија Павлов (Ilija Pavlov) Сценарио: Илија Павлов (Ilija Pavlov) Улоги: Илија Павлов, Душица Настова (Ilija Pavlov, Dushica Nastova)
Две прашања: Сами сме во универзумот или не? И двата одговора се подеднакво застрашувашки. REBIRTH, индиректно и метафорички поставува прашања за човекот како најинтелегентно битие на Земјата, за неговото постоење, за неговите навики, за апсолутната љубов и енергија, за психоделијата, за смртта и што по неа, без да даде целосни одговори. Павел, централниот лик, е еден од неколкуте избраници на засега недопрената и непознатата интелегенција која нè контролира сите нас, без ние да сме свесни за тоа. Токму таа интелегенција е главната причина за осаменоста, изгубеноста и безнадежноста на Павел. Љубљана, градот на мракот, е главниот причинител за чуството на безизлезност кое го обзема Павел, будејќи му сеќавања за неговата единствена и загубена љубов, Касиа. Бегството не е решение, Павел не е свесен за тоа. Експериментирајќи со психоделични супстанци наидува на најмоќната од сите, ајахуаската. Тоа е почеток на неговиот крај. Чуството да сакаш некого, без способноста тоа да го искажеш, создава немоќ, но во исто време ја отсликува апсолутната љубов. Сосема неочекувано, Павел слуша глас од далечина, тоа е милозвучниот глас на Касиа по кој копнеел цели 3 години. Тие започнуваат интимна и непрестајна комуникација за сè она што се случило и сè она што треба да се случи, навлегувајќи длабоко во своите премолчени чувства и емоции. Љубљана станува градот на светлината за Павел и сите места кои што претходно ги доживувал како мрачни, побудувајќи му само спомени и носталгија, добиваат моментално пристуство и значење како никогаш. Присуството на Касиа му е првото повторно раѓање. Постојано се поставува прашањето: Дали Касиа навистина постои или е само креација во умот на Павел? Појавувањето на Касиа не носи никакви одговори, со тоа таа ја открива својата мрачна страна и мистериозноста на оние кои нè имаат креирано и нè оставиле да талкаме во потрага по надеж, создавајќи „МЕСТО“ каде надежта последна умира. Павел е во постојана потрага по тоа магично „место“ каде сите желби стануваат реалност, „местото“ навистина постои и е прекрасно, но патот до таму е речиси невозможен, само неколкумина го имаат поминато. Павел не е свесен во што се впушта и нема одговор на прашањето: Колку пати треба да „умреме“ за да се родиме повторно? Shanti, shanti, shanti.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 100 денари
28 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА
(Snow White Dies at the End)
Игран филм, Македонија / Кипар
2022, 106 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)
Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев (Natasa Petrovikj, Verica Nedeska, Sashko Kocev, Deniz Abdula, Ivica Dimitrijevikj, Tino Kostadinovski, David Janakiev)
Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако Боби и Маја не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитантски игран филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори минатогодишното, 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.