Министерката за култура го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Костантин Димитровски кој заедно со неколкумина други лица беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Ан хотел шар“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство.
Од Министерството за култура за МИА потврдија дека директорот е разрешен и дека на негово место е назначена нова в.д. директорка.
Акцијата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР беше спроведена во средата и во неа беше приведена група од деветмина која кршејќи неколку закони го урнала објектот кој се смета за културно наследство и е заштитен со закон. Според ОЈОГОКК причинета е штета од непроценлива вредност за државата, а Буџетот е оштетен за три милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.