Во книжарница на ТРИ во Градскиот трговски центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателката и поетеса Лидија Димковска за нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева.

На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. а добредојдено е и вашето учество – велат од ТРИ.

Лидија Димковска е родена во Скопје во 1971 година. Ова е нејзин четврти роман. Димковска е поетеса, романописец и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик. Докторирала Романска литература на Универзитетот во Букурешт, Романија, каде предавала македонски јазик и литература. Живее во Љубљана, Словенија и преведува романска и словенечка литература на македонски јазик.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.