Распродаден е гала балетскиот концерт, кој ќе се одржи вечерва со почетокот во 20 часот на сцената на Националната опера и балет (НОБ), во рамки на фестивалот „Скопско лето“ 2024, соопштија од НОБ.

На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев. Концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.

Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, „Рајмонда“ од А. Глазунов и многу други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.