Со долг аплауз публиката ги поздрави младите уметници кои настапија на завршната вечер на манифестацијата „Инкубатор – платформа за млади уметници“. Беше прикажана претставата „Showcase“, во која публиката со задволство ги проследи „РЕМИКС“ во кореографија на Дејан Битровски, во која настапија Михаела Колцунова, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Елена Терзиева, Ивона Маневска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Теона Ѓуровска, Марија Андоновска, Миа Петровиќ.
Потоа беше прикажан танцовиот филм „TRESPASSING MKD“ во режија на Адријана Данчевска Ровчанин, камера Борис Ралев, постпродукција Тео Ангеловски, на музика на Александар Гроздановски. Фотографија и постер изработи Ивана Мојсовска Головска, а во филмот настапуваат: Дејан Битровски, Адријана Данчевска Ровчанин, Наташа Трендафилова Гицев, Антонија Димитриевска и Нина Петрушевска. Продукцијата е на филмот е на Танц.Бункер.
Следната кореографија „ЕГЗИСТИРАЊЕ“ чиј автор е Рисима Рисимкин, се изведе со музика во живо од извонредните музичари Виктор Филиповски и Ратко Даутовски, костимите се на Благој Мицевски, асистент-репетитор е Анастасија Данчевска, а настапија Нина Петрушевска, Теона Ѓуровска, Ивона Маневска, Миа Петровиќ и Марија Андонова.
Следуваше филмот „TEARS OF A CLOWN“во режија и кореографија на Адријана Данчевска Ровчанин, камера Тео Ангеловски и Борис Ралев, постпродукција Тео Ангеловски, музика Александар Гроздановски, сценографија на Ивана Мојсовска Головска. Во филмот настапуваат: Анастасија Данчевска, Стефани Шаршмит, Викторија Коцева, Нина Петрушевска, а продукцијата е на Танц.Бункер.
На крајот се изведе кореографијата „СКЕЧ“ на Адријана Данчевска Ровчанин, музика на Александар Гроздановски, а настапија Нина Петрушевска, Теона Ѓуровска, Михаела Колцунова, Надја Лукановска, Елена Терзиева, Ивона Маневска и Миа Петровиќ.
Сите современи танчери се дел од Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Михаела Колцунова, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Елена Терзиева, Ивона Маневска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Теона Ѓуровска, Марија Андоновска и Миа Петровиќ.
„Инкубатор – платформа за млади уметници“ е проект кој има за цел да спои млади уметници од категориите музика, танц и визуелни уметности, кои преку креативни работилници се надградуваат. Продукцијата се презентира пред јавноста и овие млади уметници се позиционираат на културната сцена кај нас. Манифестацијата, чиј идеен творец е Матеа Мијановиќ во организација на Интерарт културниот центар за прв пат се одржа во 2018 година и во изминатите шест години се одржува во континуитет, а во нејзината програма до сега се опфатени околу 200 учесници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.