Македонските писатели и поети Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска ќе учествуваат во првото во рамките на македонската литература одбележување на Денот на европските автори на 25 март, кое годинава ќе се случи во 40 земји кои се дел од програмата „Креативна Европа“.
Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација – Европскиот писателски совет.
Во склоп на одбележувањето се предвидени литературни читања, предавања и книжевни разговори во средните училишта ширум Европа.
Марковски, Стојчевски и Мијаковска ќе го одбележат Денот на европските автори во средните училишта СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, во присуство на ученици и нивни професори по македонски јазик и литература.
Во рамки на одбележувањето македонските писатели ќе читаат извадоци од своите дела „Светлината во нашите вени“ (Марковски), „Нè чека пат“ (Стојчевски), како и „Коскена“, „Постела на тишината“ и „Тиркиз во лето“ (Мијаковска).
Друштвото на писателите на Македонија е член на Европскиот писателски совет од минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.