Во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Филип Мартиновски. Тој е студент во прва година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Средношколското образование го завршил во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје, на Одделот за сликарски дизајн. Матурирал со проектна задача на тема „Соништа“, а најголемиот дел од делата на оваа изложба се сочинети во завршната година од средношколското образование.

Со свое дело дебитантски учествувал на колективната изложба посветена на односот „сликарство-поезија“ во рамките на првото издание на Скопскиот поетски фестивал во 2021 година, како и на хуманитарна изложба во 2023 година, а и двете први претставувања во јавноста на овој млад ликовен автор се во МКЦ. Изложбата ќе трае до 25 мај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.