„Only Artists Left Alive говори првенствено за моќта и способноста на актерот и се’ она
кое актерската уметност може да му го пружи на човештвото со поставување на
прашањето „Дали научивме нешто од сево ова?“. Начинот на кој ова функционира е со
склоп на повеќе сцени од разни автори и временски периоди кои говорат за многу повеќе
од обичните и секојдневни човекови проблеми. „Only Artists Left Alive“ патува низ времето,
играјќи си со неговата хронологија, од самите почетоци на антиката па се до
денешницата. Се наоѓаат клучните ‘извичници’ во драмската уметност преку кои актерот
со векови се обидува да ‘удри шлаканица на будалата’ и да биде главниот катализатор во
процесот на освестување и преобразба на човештвото.
Тематиката на ова дело не го ограничува да остане само за театарџиите и театарската
публика. Претставата е далеку од нешто на кое големиот дел од публиката е навикната
да го гледа на сцена. Во случај како овој, тоа е од голема полза особено во одност на тоа
што е целта на претставата, каде и на што е ставен акцентот и која е пораката со која
гледачот треба да го напушти гледалиштето.“
Претставата е во режија на Мартин Кочовски, со продуцент Борис Василески и
драматургија на Стефан Миленков.
Актерската екипа ја сочинуваат: Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Марјан Наумов,
Јанка Лефкова, Здравко Стојмиров и Марија Стефановска.
Музиката ја има подготвено Пеце Трајковски, сценографијата е на Филип Јовановски, а
костимографијата на Марта Дојчиновска.
Претставата е ко-продукција на независното здружение „Штрих“, Народен театар Битола
и Младински културен центар – Скопје.
Премиерата ќе се одржи на 30 јули, со почеток од 20 часот во Народен театар Битола –
главна сцена. Билетите по цена од 200 денари ќе бидат достапни од четврток (28 јули) на
билетарница во НУ Театар Битола. Резервации на социјалните мрежи на театарот и
преку телефон: +38947552244
Претставата ќе ја има првата изведба во Скопје во септември 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.