На 27 мај (петок) од 20 часот во културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ ќе се претстави еднодневна уметничка интервенција под наслов „Терански фрагменти” на Кумјана Новакова во соработка со „Лудус“.

На настанот ќе биде прикажан експерименталниот филм на филмската авторка Кумјана Новакова базиран на серијата колекции на „Лудус“ насловени како Пост-родовост, надополнети со 4-канална видео инсталација и неколку креации од последната колекција на брендот.

Реализиран како привремена изложба на проширено кино, овој проект создава нова интеракција осмислувајќи нови значења и разбирање на односите помеѓу филмското, уметничкото, концептуалната мода и политичкото.

Авторка на проектот е Кумјана Новакова (кураторка, истражувачка и филмска авторка), а проектот е во продукција на „Лудус“. Соработници на проектот се Драган Христов, Кристијан Караџовски, Борјана Насева, Елена Диновска Зарапчиев, Филип Бојковски, Стефан Китановиќ, Сара Перчинкова, Марија Павловиќ и Харис Реџепи.

Настанот ќе започне во 20:00 и ќе трае до 00:00.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.