Во Охрид беше промовирана најновата книга есеи од Славе Ѓорѓо Димоски „Пат покрај патот“ и две поетски книги на Ѓорѓо Димоски „Извештаи на Рисот“ и „Јазик и леб“.
Оваа е четврта книга есеи на Ѓорѓо Димоски, по претходните: „Амадео Модилјани“, „Шише во море“, книга прва и „Шише во море“ книга втора.
Јас пишувам за патот на универзалноста, за светлиот пат, додека сите придружни патеки се едно лично својство. Тука има и една библиска конотација, од аспект на светиот пат на Првородениот, со сите приклученија кон него, рече авторот Славе Ѓорѓо Димоски.
Славе Ѓорѓо Димоски е автор на повеќе поетски книги за возрасни и деца, деветнаесет му се преведени на различни јазици, добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, и е застапен во сите релевантни антологии на македонската поезија објавени по 1982 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.