ПРОМОВИРАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „БИЛАЗОРСКИ ВИДУВАЊА” 2023 Во чест на Светскиот ден на поезијата, денес на археолошкиот локалитет Билазора (кај Свети Николе) со стихови, обраќања и беседи беше промовирана манифестацијата „Билазорски видувања“ 2023 која започна со поетско читање, соопштија од ДПМ.

На настанот поздравни обраќања имаа: Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот Славјански универзитет. Организатори на настанот кој се предвидува да препрасне во традиционална манифестација се: Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот Славјански универзитет.

(Билазора кај Свети Николе, 20 март 2023.)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.