Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на настанот „За Маестрото“ со кој на македонскиот композитор и диригент, Александар Џамбазов, по повод роденденот, му беше оддадена почит.

Настанот се одржа во Дебар Маало, а го организираше општина Центар.

-Маестро Џамбазов е автор на голем број детски македонски песни, но и популарна музика, иницијатор е и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“, и има исклучителен придонес во развојот на музичките жанрови, со што остави траен белег во македонската музика. Новиот мурал во Дебар Маало, посветен на ликот и делото на Маестро Џамбазов, ќе го разубавува Скооје и Дебар Маало и секогаш ќе нѐ потсетува на песните изведени од неговите „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“, како и на целиот негов творечки опус, со кои израснаа многу генерации, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.

На настанот беше промовиран муралот посветен на маестро Џамбазов, како и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата” на авторите Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски. Градоначалникот Горан Герасимовски и Игор Џамбазов симболично пресекоа лента пред сликата на Маестрото со Златните славејчиња



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.