Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова.

Книгата која излезе од печат оваа 2024 година, како издание на Издавачка куќа „Изида“, ќе биде претставена од уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров.

Промоцијата ќе започне со видео обраќање на 88-годишната авторка кон присутните во галеријата на Културниот центар во Софија.

Дури кога ја напишав книгата „Адамовото ребро“ сфатив дека всушност е моето длабоко барање на себе си. Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници, напиша Николова кон бугарското издание на нејзината книга, стои во соопштението од КИЦ на РСМ во Софија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.