Во паркот на книгата на „Матица Ексклузив“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Туѓинец во својата земја“ од Раде Силјан. За најновото дело на поетот ќе говори Иван Антоновски, а стихови ќе интерпретира актерот Ѓорѓи Јолевски. Промоцијата ќе ја збогатат музичките виртуози Драган Даутовски и Драган Мијалковски.

Раде Силјан е автор на богат поетски и критичко-есеистички опус за кој е добитник на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Кочо Рацин“, „Димитар Митрев“, како и на државните награди „11 Октомври“ и „Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата. Дваесет и осум негови книги се преведени на: англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, унгарски, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, молдавски, бошњачки и албански јазик.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.