Овој четврток, на 4 јули, во 18,30 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија ќе се одржи промоција на романот „Последното име на иднината“ (Антолог, 2018) од македонскиот писател Живко Грозданоски.
За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот, кој ќе биде присутен на промоцијата. Во врска со објавата на книгата исто така ќе се обрати и книжевниот критичар и издавач на делото Пламен Тотев (Books4All).
По „Куфер за тројца“ (Или-или, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во 2017 година, „Последното име на иднината“ е втор роман на Живко Грозданоски преведен на бугарски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.