Новиот роман на Хари Кацановски, кој е во жанровската рамка на научна фантастика, ќе биде промовиран на 16 февруари, четврток во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, со почеток во 19 часот, а промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.
Книгата е дел од едицијата „Во еден здив“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Од издавачката куќа велат дека големата жанровска рамка на „Анатрос“ е научната фантастика, но додаваат дека во романот се преплетуваат повеќе различни пристапи и понирања и во други раскажувачки формати.
Психологијата на ликовите, траумите од растењето, релациите со другите… во книжевното писмо на Кацановски се поставени како наджанровска база, како суштина на постоењето сега, порано или подоцна. Компјутерските игри во иднината можеби ќе имаат влез за стварноста во нив, но она што нема да се промени е човековиот стремеж за излез од болката, страдањето и осаменоста“, се вели во кусиот осврт кон делото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.