Денес, (7 јуни 2024), со почеток во 19 часот, во Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец), ќе бидат презентирани резултатите од проектот Виртуелна прошетка на Скопското кале, во контекст на регионалниот проект Virtual Tours 3 Fortress/Castles (Albania, Kosovo, Macedonia) – (Virtual Tour – Skopje Fortress / Skopsko Kale)
Партнери на проектот SEKTRA NGO (Албанија); Cultural Innovative Development Initiative’s (CIDI – Косово).

Проектот е поддржан од Вестерн Балкан Фонд.
Голема благодарност до Јехона Рока Варфи (НВО Сектра, Тирана), главен менаџер на проектот; Снежана Стојчевска – директорка на Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец) и тимот на Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје (Буњаковец). Благодарност до архитект Јасминка Намичева.

ТИМ (Р.Македонија):
Александра Шутиноска Белчуровска – истражувач-археолог/експерт за културно наследство
Здравко Стојмиров – преведувач од македонски на англиски јазик
Михаило Апостолов – видео документација / техничка координација.
Весна А. Бришкоска – Фотографии
Иванка Апостолова Баскар – проектен координатор/продуцент, соопштуваат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.