Денеска во 19,30 часот Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје организира промоција на „Мака книга на стапици“ од македонскиот писател и драматург Горан Стефановски, во издание на „ТРИ“.

Промотори се драматургот Сашко Насев и актерката Весна Петрушевска.

„Оваа книга е малечок алат, инструмент кој можете да го користите на ваш начин. Алатот, се разбира, не работи сам по себе. Тој мора да се користи за да биде корисен, и мора да се научи како да се користи. Овој ’драматуршки‘ инструмент нема да напише драми за вас, но може да ви помогне вие да напишете драми. Алатот е едноставен, но тој се користи за создавање сложена магија, рекол Горан Стефановски.

Горан Стефановски е еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност. Со култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и многу други, закитен со големи награди како што се „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, обожаван од македонската и светската публика – тој е многу повеќе од драматург и учител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.