Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ имаат чест да ве поканат на книжевна промоција на македонските преводи на француските дела: „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и  „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“.

 Промоцијата ќе се одржи в четврток, 15 февруари 2023, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.

 Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел.

Збор ќе земат и одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.