Во Културно-информативниот центар во Софија денеска, во пресрет на Денот на независноста – 8 Септември ќе се одржи промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова.
За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот.
Двете книги, во превод на бугарски јазик, излегоа од печат оваа година како изданија на издавачките куќи „Персеј“ и „Изида“, соопштија од КИЦ во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.