В четврток, на 6 април во објектот „Мала станица“ при Националната галерија на Македонија во 19,30 часот е закажана промоцијата на фотомонографијата „Лазороска“ и изложбата на фотографот Игор Цветковски.
Изложбата ќе ја отвори Гоце Наневски, кој е и промотор на фотомонографијата.
Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Цветковски го документира чувство на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.
Низ 100 страни и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фотомонографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе, вели Игор Цветковски, автор на првата фотомонографија „Лазороска“.
Монографијата започнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе. Дело, низ кое може да се види тишината и чуе звукот на природата низ заживеаната песна „Лазороска“ на младиот композитор Мартин Данчев, во дип хаус преработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.