По повод Денот на победата над фашизмот, 9 Мај, што е воедно и последниот ден од изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ, Контрапункт, во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура и Мултумедијалниот институт од Загреб, ве покануваат на промоција на 4 книги (box-set) од Дубравка Угрешиќ, во превод на Владимир Јановски и Алек Кузмановски.

Промоцијата ќе се одржи во четврток (9 мај), во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19, 30 часот.
На промоцијата ќе говорат Владимир Јанковски, писател, преведувач и теоретичар на книжевноста и Петар Милат филозоф, директор на Мултимедијалниот институт од Загреб и издавач, а и близок пријател на Дубравка Угрешиќ.

Во рамки на промоцијата ќе бидат петставени 4 книги од Угрешиќ: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Црвеното училиште“ „Тука нема ништо!“, во превод на Владимир Јанковски и „Нарилник за вештерки“ во превод на Алек Кузмановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.