Во кино „Фросина“ во Скопје вечер ќе се одржи промоција на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од авторката Илинденка Петрушева, во издание на издавачката куќа „Слово“.
Настанот е во организација на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ заедно со Младинскиот културен центар, а книгата ќе ја претстават Јасна Франговска, радиоводител и новинар, Борис Дамовски, режисер, Димитар Башевски, писател и издавач, при што ќе се обрати и авторката и филмолог Илинденка Петрушева.
Модератор на промоцијата ќе биде Русе Арсов, продуцент и уредник на драмската програма во МКЦ.
Илинденка Петрушева е филмски критичар, филмолог, припадник на првата генерација историчари на филмот во бившата држава СФР Југославија. Еден од основачите е на Кинотека на Македонија, каде работела од основањето во 1976 година до заминувањето во пензија. Во оваа национална установа работела на капитални истражувачки проекти од историјата на македонската кинематографија.
Во рамки на промоцијата на најновата книга на Илинденка Петрушева ќе се одржи и проекција на документарниот филм „Кино ‘Мортус‘“ (2021) во режија на Ивана Цветаноска и во продукција на филмската школа „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На филмот работеа снимателите Антонио Мисиркоски и Матеа Козовски, звукот е на Леон Шумански, а монтажата е на Оливер Милески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.