Во Музејот на Македонија денеска напладне ќе се одржи промоција на проектот „The light of jewelry through the centuries“ или „Светлината на накитот низ вековите”.
Станува збор за пренесување, односно презентирање на предметите од минатото со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми, кои ја осветлуваат можноста за промоција и презентација на накитот низ вековите, развојот на креативните индустрии и новите (виртуелни) практики во музејската дејност.
Проектот од областа на музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2022 година е во реализација на Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста Доминиум културно јадро.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.