Музичкиот новинар и хроничар Тошо Филиповски утре, на 27 март во кафе барот „Глуво куче“ во Скопје во 18 часот ќе ја промовира книгата „Мизар – Откровенија 1981-2021“.
Опишана како прва монографија за еден македонски рок бенд, книгата дава детален приказ на историјата на една од највлијателните и најзначајни македонски групи, вклучувајќи концерти, плакати и интервјуа. На 333 страници се содржани 200 фотографии, од кои половина се досега необјавени.
Монографијата за „Мизар“ е четвртата книга за македонската рок музика што Филиповски ја објавува во рок од четири години, а следува по „Македонска рок енциклопедија 1963-2018“ (2018), „Македонска дискографија-винили 1958-2019“ (2019) и „Македонски рок времеплов“ (2021).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.