Во уметничката галерија при Домот на културата „Ацо Шопов“ од Штип, денеска ќе се одржи промоција на избраните дела во десет томови од современиот македонски писател, Раде Силјан.

Книгите се проследени со толкувања од Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Витомир Митевски, Луан Старова, Паскал Гилевски, Гоце Смилевски, Санде Стојчевски, Стефан Влахов-Мицов, Сретен Перовиќ, Думитру М. Јон, Елисавета Касабова, Ефтим Клетников, Миќа Цветиќ, Веле Смилевски, Мирољуб Стојановиќ и Христо Георгиевски.

За значењето на овој авторски и издавачки проект ќе говорат академик Витимор Митевски и писателката Марина Мијаковска.

Раде Силјан е автор на осумнаесет стихозбирки, на единаесет дела од доменот на критиката и есеистиката и на петнаесет антологии од македонската драма, расказ, поезија и критика. Приредил триесетина повеќетомни избори од творештвото на врвни македонски писатели и научници, на јубилејни изданија на знаменити дела од нашето книжевно минато, како што се „Зборникот на Миладиновци“, „За македонцките работи“ од Мисирков, „Бели мугри“ од Рацин на сите словенски јазици, монографии и студии за македонскиот фолклор, за македонската народна митологија, за средновековното македонско сликарство и копаничарство, стотина преводи на светски класици и современи автори од сите меридијани.

Дваесет и шест негови книги се преведени на: англиски, албански, руски, турски, грчки, италијански, српски, унгарски, украински, полски, латински, романски, влашки, молдавски, словенечки, бугарски, црногорски и бошњачки јазик.

Раде Силјан е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на книжевните награди „Браќа Миладиновци“ за најдобра книга на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ и „Димитар Митрев“ на Душтвото на писателте на Македонија, како и на државните награди „11 Окромври“ и „Св. Климент Охридски“ за животно дело од областа на култ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.