Во среда (20.4.2022) со почеток во 19 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија, ќе се одржи промоција на двојазичната стихозбирка „На каучот на Зигмунд Фројд“ (изворно напишана на македонски и на хрватски јазик) од Јулијана Младеновска-Тешија, која дипломирала филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2005 година живее и работи во Осиек, Р. Хрватска, како професорка на  Високата теолошко-евангелистичка школа.

За книгата ќе зборуваат: Весна Ацевска (поетеса), Ана Димишковска (филозоф), Тони Димков (новинар) и Љерка Тот-Наумова (поетеса).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.