Покрај учеството на најголемите домашни издавачки куќи, на овогодинешното издание на Саемот на книга ќе има учесници и од регионот: Србија, Косово, Албанија.

Значајно претставување оваа година ќе има и Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар “Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со промоции и гостување на автори и уметници од оваа земја.

Најголемиот празник за читателите во земјава  – Саемот на книга,  оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во СРЦ “Борис Трајковски”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.