При обилни врнежи од дожд во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица вработените се приморани да поставуваат кофи на местата каде протекува кровот.
Кровната конструкција на објектот кој е во употреба од 1986 година протекува на повеќе позици заради што вработените од Центарот бараа итна и реконструкција на целиот објект посебно на кровот кој по секој дожд нанесува дополнителни штети по инвентарот во ова институција
Поранешниот директор на ова инситуција Ванчо Ристов за телевизија 24 вели оти се потребни средства и за санација на ентериерот во Центарот за култура но и на опремата оти била амортизирана бидејки таму се одржуваат речиси сите локални и национални културни содржини
Струмичкито центар за култура пред две години доставиле барање до Министерството за култура да изработи проект за реконстуркција на објектот. Министерството во ланската програма предвиде 90 илјади евра но иститот ќе се работи ова година. Договорот за јавна набавка ја добила фирмата Архи Груп план од Скопје која треба да го изработи проекти за реконстуркција Музеј Македонија и објектот Мала станица на националната глаерија
Со Договорот ќе се обезбедат комплетни проекти на ниво на идеен и основен проект со сите фаза како и проектнатски надзор при изведбата на работите. Во текот на ова година се очекува да биде изработена проектната документација за сите три објекти вклучувајќи го и објектот на НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица. Во Годишната програма за инвестиции во културата за 2022 година се предвидени средства за релизација на проектот за реконструкција на објектот на НУ ЦК Антон Панов во Струмица, велат од Минитерството за култура.
Во Центарот за култура функционираат повеќе отсеци како театарот, ликовната галерија, музичко сценската дејност. Тој има корисна површина 1560 квадратни метри и во текто на изминатите три децении не се направени некои посериозни инвестициони вложувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.