Македонскиот режисер Дејан Пројковски во театарот во Нови Сад подготвува нова претстава. Станува збор за „Ричард III“ од Вилијам Шекспир, една од најпопуларните историски драми на Шекспир. Во драмата, грбавиот Ричард, војводата од Глостер, копнее по тронот на брата си и ништо не може да го сопре на патот до него. Тоа вклучува убиство, предавство и манипулации со семејството, со пријателите и со непријателите, а во ова дело се содржани и некои од најпознатите реченици на Шекспир.

Засега нема детали кога ќе биде премиерата на претставата, а од објавените фотографии на социјалните медиуми се гледа дека во тек се читачки проби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.