Балетската претстава „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, вечерва ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20.00 часот.

Приказната за Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а ќе ја пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин. Сценографијата и костимографијата се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Ивана Коцевска, во улогата на Гудула ќе настапи Ангела Богатинова, Клод Фроло е Мирослав Митрашиновиќ, Квазимодо: Јан Кисилев.

Настапуваат балетските солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.